Охридските бели претрпеа уште еден пораз на “домашен“  терен во Кавадарци. Поуспешни од “рибарите“ беа струмичките “кенгури“ победувајќи со 2-0.



Прашањето околу победникот беше решено уште во првиот дел кога гостите ги постигнаа головите. По овој пораз шансите на охриѓани за опстанок во второлигашкото друштво се сведени на теорија.

Ohridnews