Настапот на кошаркарките на Билјана во Превата лига наредната сезона е доведен во прашање откако на средбата за спас на клубот што се одржа вчера не присуствуваше ниту еден претставник на локалната самоуправа и зинтересиран спонзор.
Поради финансиски проблеми и немање спонзор неизвесно е дали клубот ќе продолжи натаму да опстпјува.
Инаку ЖКК “Билјана“ повеќе од усшешно ја заврши Сезоната 2006/2007, учествувајќи во финалето на куп и плеј-оф натпреварите освојувајќи го второто место и би било вистинска штета клубот да згасне , а со тоа и постоењто на женската кошарка во Охрид.
Во октомври ЖКК „Билјана“ треба да слави јубилеј 20 години од своето постоење.
Г.М.