Над  300 членови на Новата социјалдемократска партија од Охрид  и речиси коплетното општинско раководство на партијата денеска преминаа во редовите на ВМРО ДПМНЕ. Тие ги оставија  членските книшни од НСДП и потпишаа пристапници кон ВМРО ДПМНЕ. Преминот во најгомата владејачка партија денеска го официјализираше и пратеничката Мирјана Секуловска која уште во петокот соопшти дека ја напушта НСДП.


пратеничката Секуловска го објави преминот
на околу 300 членови на НСДП во ВМРО ДПМНЕ

Причина за нашето преминување во ВМРО ДПМНЕ е некоректниот однос на лидерот Тито Петковски кон коалиционите партнери, како и внатрешните случувања во партијата и распуштањето на општинската организација, истакна пратеничката Секуловска.

Таа го обвини лидерот на НСДП дека  дека со распуштањето на општинската организација во Охрид всушност и се реванширал неа, бидејќи му се спротиставила за барањето оставка од министерката Рафајловска, обидите за смена на Еленовски и случајот со лажната диплома на државниот секретар во Министерството за одбрана.


НСДП ја напушти речиси комплетното општинско раководство

„Одлуката за распуштање на општинската организација во Охрид, Петковски им плукна во лице на  основачите на НСДП и на 1600-те граѓани кои го дадоа својот глас за партијата на парламентарните избори, поради што јас јавно им се извинувам“, рече Секуловска.Таа најави дека очекува над 1000 од вкупно 1200 членови на  НСДП од Охрид да преминат во ВМРО ДПМНЕ.Според Секуловска незадоволство постои и во други општински организации каде како што рече исто така се вршат промени со амин на централата за да се обезбедат делегати кои ќе го подржат актуелното раководство на претстојниот Конгрес.


ги оставија старите потпишаа нови партиски пристапници

Секуловска негираше дека преминува во ВМРО ДПМНЕ од лични и бизнис интереси. Доколку се работеше за личен интерес јас самата ќе ја напуштев партијата, а не комплетото општинско раководство и над 300 членови кои самоволно преминаа во ВМРО ДПМНЕ, рече Секуловска. Запрашана зошто од партија која се декларира за лево ориентирана преминува во партија која важи за десно ориентирана, Секуловска рече дека во Македонија не постои разлика меѓу левите и десните партии бидејќи како што рече која и партија да дојде на власт ќе мора да се соочи со проблемот на невработеноста на граѓаните и масата социјални случаи

Претседателот на ОК на ВМРО ДПМНЕ, д-р Владо Стефановски, го поздрави преминувањето на општинското раководство и дел од членството на НСДП во ВМРО ДПМНЕ. Според него иако навидум се разликувале партиските концепти, нивните програми биле слични. Тој рече дека ВМРО ДПМНЕ секогаш е отворена за нови членови и најави дека новите членови ќе бидат соодветно распоредени во партиските тела и комисии. Според статутот на партијата пратеничката Мирјана Секуловска по автоматизам треба да добие место во Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ.

Г. Момироски