На 9-ти март на игралиштето на средното училиште ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ се одржа овогодинешното првенство во мал фудбал за младинци.

На ова првенство се натпреваруваа трите средни училишта од општинава, а во организација на „Сојузот за училишен спорт“ на општина Охрид.

Се играше по систем секој со секого, 4+1 играчи, а првиот натпревар се одигра помеѓу гимназијата ’’Св. Климент Охридски’’ и средното угостителско училиште ,,Ванчо Питошески’’. Во овој натпревар победи екипата на „Ванчо Питошески“ со резултат 2:1.


Екипата на гимназијата „Св. Климент Охридски“

„Ванчо Питошески“

Во вториот натпревар се сретнаа екипата на ЕМУЦ „Св.Наум Охридски“ и „Ванчо Питошески’“
кој заврши со нерешен резултат 2:2.


ЕМУЦ „Св. Наум Охридски“

Во третиот натпревар силите ги одмерија екипите на Гимназијата и ЕМУЦ кој заврши со победа на ЕМУЦ со резултат 3:2.

На крајот за севкупен победник на ова првенство во Мал Фудбал беше прогласена екипата на ЕМУЦ ,,Св. Наум Охридски’’