Општинско првенство во атлетика во повеќе фрлачка дисциплина (ѓуле, копје, диск) се одржа денес во СРЦ „Билјанини Извори“ во организација на Сојузот за спорт и рекреација ССРИ- Охрид.

Натпреварувачи имаше со телесен инвалидитет и лица со оштетен вид. Одзивот не беше голем. Учествуваа 10 натпреварувачи, од кои 5 од Охрид и 5 гости од Битола, велат од Сојузот.

 

Потенцираат дека со постигнатите резултати успешните натпреварувачи се пласираат на Државно првенство во истите дисциплини.

OhridNews