Ченови на Фудбалската федерација на Македонија в петок со почеток во 16:30 часот ќе одржат средба со претседателите на Општинските клубови од Охрид.

На средбата ќе се дискутира на разни теми, а првите луѓе на клубовите можат да изнесат свои ставови и барања до фудбалската федерација.

Средбата ќе се одржи во просториите на Опшинскиот фудбалски сојуз, кој се наоѓа во склоп на стадионот „Атина Бојаџи“.

Мх.П.