Општинските изборни комисии се комплетирани во  законскиот рок, соопшти Државната изборна комисија – ДИК. Членовите во изборните комисии се селектирани по случаен избор од редот на вработените во државата и јавната администрација.

На 6 и 7-ми февруари ќе се одржи првата од неколкуте предвидени обуки на членовите на општинските изборни комисии, по што обука ќе биде спроведена и за членовите на избирачките одбори.

Ohridnews