Општинскиот инспекторат деновиве ќе започне со контрола на книгите за евиденција на гости, регистрирани ноќевања и уплата на туристичка такса.

Во првата фаза ќе се прегледува евиденцијата која ја правеле давателите на услуги од помал обем. Тие согласно законот должни се да вршат евиденција на гостите кои престојуваат во нивните објекти во посебна книга, а за регистрираните ноќевања треба да платат туристичка такса во висина од 40 денари.

Минатата година од туристичка такса во касата на општината се слеаја нешто над 16 милиони денари, а најголемиот дел од нив отпаѓаат на хотелите. Во општината не се задоволни од пријавениот промет ниту од хотелиерите, ниту од приватните станоиздавачи и сметаат дека по основ на туристичка такса градот треба да инкасира најмалку двојно повеќе средства.

ohridnews