Буџетот за 2021 година во голема мерка е подреден на урбанизмот, уредувањето на градежното земјиште, локалниот економски развој, развојот на туризмот, образованието и животната средина, – рече градоначалникот на Охрид Констанин Георгиески во пресрет на седницата на советот од Општина Охрид на која треба да се изгласа буџетот на Општина Охридза 2021 година.
Вкупните приходи од предлог буџетот се проектирани во износ од нешто повеќе од 1, 2 милијарди денари додека приходите на основниот буџет се проектирани во висина од 685 милиони денари. Буџетот планира рекордни 98,7 милиони денари за реконструкција на улиците „Јане Сандански“, „7 ноември“, „Будва“, „Прилепска“, „Славеј Планина“ и други улици во Општина Охрид, а, ќе и им се придружат уште „Кеј Македонија“ и „Македонски просветители“, за кои средства се обезбедени од Владата на Северна Македонија и од Светската банка. Планирано е продолжување и уредување на речни корита, на велосипедска инфраструктура, како и уредување на старите и изградба на нови детски игралишта. Дел од средствата во буџетот се планирани за локален економски развој и развој на туризмот, преку субвенции на неколку категории како што се занаетчии, општинскиот линиски превоз и различни туристички дејности. – изјави градоначалникот Георгиески.
Георгиеки истакна дека во буџетот има обезбеден рекорден износ за стипендии на ученици и студенти во износ од 6.3 милиони денари а се продолжува со инвестирање во реконстукција на основните и средни училишта низ општината.
Во делот на Социјална заштита сакам да напоменам дека Општина Охрид комплетно го презема финансирањето на дневниот центар за лицата со интелектуална попреченост Зраци односно обезбедува средства за континуирано извршување на секојденвните активности на овај центар. – инфомрираше градоначалникот.
За жал, додаде градоначалникот, и овој пат, опозициската ВМРО ДПМНЕ преку нејзината советничка група не најде начин да биде конструктивен партнер кој работи во интерес на граѓаните. Тие не учествуваа во составувањето на буџетот за 2021, но решија на самата седница да го попречуваат донесувањето на буџетот со небулозни амандмани. – потенцираше Георгиески.
OhridNews