На предлог на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ОК Охрид, Сашо Донев, а со одлука на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Општинскиот комитет на партијата е „освежен“ со 11 нови искусни лица кои се дел од општествениот живот. Од партијата потенцираат дека станува збор за истакнати професионалци, препознатливи со своите досегашни активности.

Меѓу нив се:

Наум Јамандиев – Факултет за физичка кулура-Професор по физичка култура

Марија Смилески – Филозовски факултет – дефектологија

Климент Наумов – Докторант на Факултетот за туризам и угостителство-Охрид, Туристички водич

Даниела Ристова – Дипломиран филолог, професор по руски

Грација Бакраческа – Доктор, стоматолог

Горан Стојаноски – Актер

Ана Димитрова – Дипломиран правник

Ристе Јанкоски – Факултет за физичка кулура, Професор по физичка култура

Горан Ѓоргиески – Економски факултет

Методија Анѓелкоски – Дипломиран информатичар

Антонио Раткушиноски – Економски факултет

Од Ок на ВМРО ДПМНЕ, додаваат дека целта е што повеќе членови да бидат дел од креирањето на политиките, да се запознаат со активностите и да се вклучат во работата на партиските структури, давајќи дополнителна енергија на останатите членови на општинскиот изборен штаб целосно подготвени за претстојните избори.

OhridNews