Нерегулираните имотно правни односи, проблемот со дивоградбите и немањето  сопствено градежно земјиште, го кочат економскиот развој на општините во регионот, сметаат асоцијациите на  единиците на локалните самоуправи на Македонија и Алнбанија. Според нив нерасполагањето на општините со сопствен  имот е голема пречка за реализација на заеднички  развојни  проекти без што локалните заедници не можат да сметаат на средства од европските фондови.


Општините во Македонија и Албанија имаат слични проблеми

Општините во Македонија немаат сопствено градежно земјиште и не располагаат со доволно средства за вршење на функциите, смета претседателот на Заедницита на единиците на локланата самоуправа во макеонија, Андреј Петров. „Општините имаат потреба од земјиште кое ќе биде основа за локалне економски развој, и им се потребни повеќе приходи од ДДВ и персоналниот данок и во иднина тие треба да добиват што повеќе средства“, смета Петров.


Претседателите на здруженијата на општини на Албанија и Македонија се сретнаа во Охрид

Голем проблем за општините претствуваат и дивоградбите. За разлика од Македонија, Албанија веќе презема конкретни активности за решавање на овој проблем кој е региулиран со закон. „Градежното земјиште е проблем и кај нас. За време на  транзицијата се изградија многу дивоградби во нашата земја кои владата се обидува да ги легализира со закон што го донесе пред една година. Локалната самоуправа врши изготвување на урбанизтичките решенија за легализација на  дивоградбите со што сметаме  задоволни ќе бидат и државата и граѓаните  бидејќи со недвижностите ќе може легално да се тргува на  пазарот“, вели претседателот на албанската асоцијација на општините Ферик Ругеја.


Зедничка фотографија за спомен

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Македонија (ЗЕЛС) и Асоцијацијата на албанските општини (ААМ), во Охрид викендов потпишаа Спогодба за соработка која се смета за искучително важна  за реализација на заедничките развојни проектои  на општините во пограниочните региони. Вакви спогодби ЗЕЛС веќе има потпишано  со постојаната конференција на градовите и општините на Србија и Сојузот на општините на Словенија.

ohridnews