На 29 јуни ќе се одржи 44 седница на Советот на Општина Охрид. На дневен ред ќе бидат шест точки меќу кои и предлог- одлуката за воспоставување меѓуопштинска соработка помеѓу општина Охрид и општина Центар- Скопје.

На оваа седница ќе биде разгледана н и предлог- одлуката за давање на времено користење на недвижен имот- градежно земјиште на ЈП „Билјанини Извори“ Охрид, како и предлог- одлуката за измена и дополнување на одлуката за начин на спроведување на постојните урбанистички планови и урбанистичко плански документации како и за времен прекин на постапки за утврдување правен статус на бесправно изградени обејкти.

OhridNews