Најголем проблем за преминување во втора фаза од децентрализаицијата и натаму имаат општините кои имаат долгови. Ова беше истакнато на  семинарот посветен на финанскиската независност на општините  што во организација на ЗЕЛС започна денеска во Охрид.


Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајанoвски,  информираше дека во тек се преговори со владата како да им се овозможи на општините да ги репрограмираат долговите. Трајановски ја поздрави одлуката на владата за зголемување на средствата за општините од продажба на градежното земјиште од 40 на 80% но смета дека со земјиштето  100% треба да управуваат единиците на локалната самоуправа. ЗЕЛС исто така бара зголемување и на другите извори на финснсирање на општините. Очекуваме зголемување на средствата од ДДВ од 3 на 6%, а на персоналниот данок од 3 на 30%, рече Трајановски.

Претседателот на Комисијата за финсниии на ЗЕЛС, Џорџе Арсов, изрази надеж дека до крајот на ноември  ќе биде иницирана измена во законот за локална самоуправа со што на општините кои не се задолжени по нивна вина ќе им се даде можност наместо на една година како што е сега, долговите да ги сервисираат со позајмица од државата во период од три години.

Ohridnews