Веста што неодамна ја објави Ohridnews за големиот успех на охридскиот гејминг тим “ENTITY“ кој победи на регионалниот турнир во Белгрaд, „KODE 5“, во видео играта  “COUNTER -STRIKE“, стигна и до локалната самоуправа. Таму денеска беа примени претставници на охридскиот гејминг тим кои со триумфот во Белград обезбедија настап во главното финале што ќе се одржи во Москва идниот месец.


Балканските шампиони – „ENTITY“ – Охрид

На средбата градоначалникот Александар Петрески ветил дека општината ќе го помогне настапот на охридските гејмери на финалниот турнир во Москва на кој младите сограѓани, Балканските шампиони, се оптимисти дека ќе освојат највисок пласман.


Општината вети помош за охридските гејмери кои ќе настапат на СП во Москва

Тимот “ENTITY“ од Охрид кој ќе го претставува македонскиот гејмиг во Русија го сочинуваат:

1.    Александар “helius” Киселинов
2.    Јован “KaLaN” Каланоски
3.    Ангел “eRRor” Грозданоски
4.    Ѓоко “aIm1ghty” Лабоски
5.    Алтај “rdn” Реџеп

Ohridnews