Општината на својата официјална веб страна неодамна додаде две нови содржини. Се работи за два сајта кои според локалната самоуправа ќе придонесат  за афирмација на националната традиција-охридската кујна и значително олеснување за сограѓаните кои се бават со приватно сместување на гости и туристи.


Сајтот за националната охридска кујна односно специјалитети, е на англиски јазик додека веб сајтот за приватното сместување во Охрид “Лихнидос“ е добредојден за сите оние приватни лица кои издаваат сместувачки капацитети. На тој сајт ќе може секој што е заинтересиран да го огласи приватниот сместувачки капацитет директно и без посредување – „on-line“ .
Огласувањето на овој сајт е бесплатно. Огласувањето може да биде по категории: соби, апартмани, станови, вили…


Општината со нови on-line содржини за промоција на традиционалните вредности и туризмот

OhridNews