На температура која наутро редовно се спушта под нулата, Општата болница во Охрид се соочува со недостаток од нафта за греење. Тоа претствува дополнителна опасност по пациентите кои таму се лекуваат, додека лекарите и другиот персонал работат во непријатни услови.
Во обид да ја ублажи состојбата, на барање на болницата, Советот на општина Охрид одобри интервентна позајмица од 10 тони нафта. „Состојбата во општата болница не е добра, но иако ние како локланата самоуправа според законот немаме ингеренции во здравството, наша обврска е да и помогнеме на оваа здравствена организација во која се лекуваат наши сограѓани“, рече Петрески.
„Ваквиот принцип на позајмување е за поздравување зошто нема ништо лошо градот да излезе во пресрет на својата болница, затоа што таму се спасуваат голем број на човечки животи и треба да се подигнеме нивото на матерјалното работење на болницата и стандардот на лекување на болните“, истакна д-р Томе Гиноски, советник од ВМРО НП.
Предлогот на градоначалникот за позајмица на нафта на општата болница ја доби подршката од Советот кој едногласно ја изгласа одлуката да и се помогне на градската болница.
Г. Момироски