Во спротивно, кон нив ќе биде поднесена прекршочна пријава, а опремата ќе им биде отстранета, соопшти општинскиот инспекторат.
Иако Советот на општината уште минатата година ги прецизираше условите за поставување на урбаната опрема, голем дел од сопствениците на тезги и угостителите истата не ја почитуваат, а дел не ги подмируваат ниту обврските кон општината. Од општинскиот инспекторат велат дека преземаат мерки за воведување ред во оваа област, но сопствениците на урбаната опрема при контроли се повлекуваат, за потоа одново да ја постават опремата на саканото место. Затоа инспекторатот побарал асистенција од полицијата со цел да се воведе ред во центарот на Охрид.