Локалната самоуправа ги известува граѓаните дека почнувајки од утре, 22. март во наредните неколку денови, поради исклучувања на трафостаниците од енергетскиот преносен систем, одделни делови на општината ќе бидат без електрична енергија во одредени периоди од денот. Исклучувањето на трафостаниците со што потрошувачите ќе остануваат без електрична енергија извесен период во текот на денот, ќе се врши според посебен распоред. Граѓаните ќе бидат навремено известувани преку локалните медиуми за реоните во кои ќе се исклучуваат трафостаниците како и за времетраењето на исклучувањето.

Оваа мерка е резултат на одбивањето на ЕВН-ЕСМ да разговара со претставниците на Општината за да се изнајде соодветно решение за спорот околу долговите на Проаква на која денеска и беше исклучена струјата, соопшти локалната самоуправа.

ЕВН-ЕСМ покажува толкава арогантност што ги користи трафостаниците не признавајки дека тие се градени и во нив е вградена опрема со средства на општина-та и нејзините граѓани. Настапувањето од позиција на сила што како метод го применува ЕВН-ЕСМ кон Охрид, Локалната самоуправа не го прифаќа и нагласуваме дека за сите несакани последици од изнуденото исклучување на трафостаниците – вината паѓа врз електродистрибутерот ЕВН-ЕСМ, стои во соопштението за јавност на локалната самоуправа.

ЕВН: Општината постапува незаконски:

Портпарлото на ЕВН, Ленче Карпузовска, зa Ohridnews изјави дека согласно законот за енергетика никој нема право да го попречува снабдувањето со електрична енергија. За намерите на општината Охрид известена е Регулаторната комисија за енергетрика, рече Карпузовска. Според неа општините Охрид и Струга не поседуваат доказ за сопственост над трафостаниците за кои тврдат дека се нивни. „Со ваквото самоволие се нарушува јавниот интерес на граѓаните и се крши законот“, вели Карпузоска.

ohridnews