По реакциите на граѓаните кои изразија незадоволство што предвелигденскиот концерт кој неодамна се одржа во Центарот за култура не бил бесплатен како што беше најавено, на барање на медиумите општината денеска јавно се извини за како што се наведува во соопштението ненамерниот пропует:
„Во најавата за предвелигденскиот концерт на КУД „Македонка“ од Охрид што се одржа на 18. овој месец во големата сала на ЦК „Григор Прличев“- на кој како гости настапија познатите Виолета ТОМОСКА и Наум ПЕТРЕСКИ – што беше лиферувана до медиумите од страна на Односите со јавност на Општината, беше посочено дека е влезот слободен.
Со оглед на тоа дека посетителите, сепак, плаќаа влезници, многумина од оние кои беа информирани за едно, а доживеаа друго – со право се револтираа. Иаку се работи за ненамерна грешка која настана на релацијата помеѓу организаторите на концертот, Локалната самоуправа и КУД, а за чија корекција се немаше време до последениот момент, сепак го изразуваме извинувањето до медиумите кои ја објавија лиферуваната вест и граѓаните кои се почувствуваа излажани заради недоразбирање“, се вели во соопштението на Одделението за односи со јавност.
ohridnews