Општина Охрид е против издавањето на плажата Сараиште под концесија. Од локалната самоуправа во дописот до Министерството за транспорт посочуваат дека револтот на граѓаните од оваа населба е оправдан, бидејќи ова место е повеќе од обична плажа за охриѓани:

„Без оглед на тоа какви идеи и проекти има концесионерот за уредување на овој локалитет, кој за Охрид е многу повеќе од обична плажа, факт е дека овој простор, во интерес на сите, а најмногу на градот и неговото културно, туристичко и урбано живеење, најдобро може да го уреди Локалната самоуправа. Во прилог на овој факт сакам да ве потсетам, дека овој простор Општината  го користи за поетски матинеа и други јавни културни и туристички манифестации и свечености. Покрај ова, најреномираната културна манифестација, фестивалот “Охридско Лето“ често го користи овој простор за своите програмски содржини“ – се вели меѓу другото во писмениот допис до министерот Миле Јанакиески.

Ohridnews