Општинската зграда утрово одредено  време остана без струја и греење.Изѕемнетите административци се обидуваа да се згреат облекувајќи ги јакните, а дел од нив предвреме заминаа на пауза.
 
Дознаваме дека дефектот кој претпладнево беше отстранет се должи на преоптоварување на електро мрежата поради преголема употреба на греалки. Старата инсталација не го издржала преоптертувањето и откажала по што одржувањето на општинската зграда со помош на стручни лица од фирма за продажба на електро опрема го отстрани дефектот.
 
Поради дефектот вработените во опоштината се смрзнуваа, а странките беа нервозни што не можеа да ја завршат работата по која дошле.

И тоа се случува.