Општината Охрид денеска нормално функционира. Работат сите градски служби а граѓаните можат да ги добијат потребните услуги од доменот на локалната самоуправа. Инаку Владата денешниот ден го прогласи за неработен со цел поуспешно спроведување на граѓанската акција за пошумување која се одвива на 50-на места во земјава меѓу кои и во Охрид.

Од службата за информирање при локалната самоуправа ни потврдија дека општината денеска работи. „Општината работи но сите вработени кои сакаат и се чувствуваат способни да се приклучат на акцијата за засадување садници тоа непречено можат да го сторат“, ни изјави Никола Манески, од одделението за односи со јавност. Тој информираше дека локалната самоуправа денеска логистички ќе ја помогне акцијата.

Инаку подрачните единици на министерствата и другите државни служби сместени во општинската зграда денеска не работат. Слободниот ден тие ќе го одработат во сабота.

ohridnews