Локалната самоуправа изрази разочарување од изнесените ставови на државните авторитети во врска со решавање на проблемот со долговите на МЈП „Проаква“. Во реакцијата на Одделението за односи со јавност при локалната самоуправа се вели:
Уште не допре сосема до пошироката јавност пројавеното очекување на локалните власти од Охрид и Струга за вклучување и на државата односно централната власт во сервисирањето на долгот кон ЕВН што го има МЈП „Проаква“ за електричната енергија што ја користи Колекторскиот систем, во јавноста се огласија од Министерството за животна средина и лично вице-премиерот Зоран СТАВРЕСКИ со скоро идентичен став: дека државата не се гледа себеси како дел од проблемот односно, дека оној што стопанисува го плаќа она што го потрошил, а тоа не е државата!
Ваквиот приод од страна на централната власт кон глобалната обврска за заштита на Охридското Езеро како природно наследство ставено и во регистарот на УНЕСКО и како своевиден долг кон природата и човештвото, во најмала рака е „најдобрата“ антиреклама за градењето еколошки здраво општество и грижата за животната средина во актуелниот момент. Оти, што аку Охрид и Струга односно МЈП „Проаква“ неможат да го платат наследениот долг? Што аку, следствено на тоа, ЕВН ја исклучи електричната енергија за пумпите на Колекторскиот систем и тој запре да работи а фекалната канализација од системите за отпадни води на двата града се излева директно во Езерото ?
Што доколку колекторот престане со работа прашува локалната
Како тоа државата „не се чувствува како дел од проблемот“ во однос на Охридското Езеро, а се чувствуваше директно надлежна за изградба на систем за водоснабдување на Дојранското Езеро со вода од „Ѓавачкото Поле“ со државни а не локални пари, и директно надлежна за подмирување на трошоците за елетричната енергија што ги направи тоја систем ? Нема ли таму „стопан“ кој би требало „да го плати она што го потрошил“?Нема ли, конечно, државата одговорност согласно светските стандарди и меѓународни конвенции за зачувување на екосистемите и слатководните ресурси кои треба да ги ползуваат идни генерации, или има „одговорност“ само кога треба да стопанисува со рибниот фонд во Езерото и крајбрежјето?
За Локалната самоуправа во Охрид жалосно е тоа што заради партиски и предизборен маркетинг, централната власт применува пресија кон локалната и по едно вакво прашање, бидејки граѓаните и природата најмалку се должни да трпат заради нечии дневнополитички интереси. Впрочем, кој тоа, утре ќе биде одговорен и „надлежен“ или „стопан“ на еколошката катастрофа на Езерото и последиците од неа по населението вдолж крајбрежјето? Не чувствуваат ли надлежните во државата дека овој проблем е нешто многу повеќе од „политика“ и собирање политички поени на релацијата: „успешно ВМРО“ на централно, а „неуспешен“ СДСМ на локално ниво?
Конечно, локалната власт, без никакво условување, притисок или уцена, доколку продолжи ваквиот однос на државата кон Колекторскиот систем, ќе биде принудена да ја тужи државата пред Судот заради неисполнување на нејзините обврски и кршење на словото на Законот, се вели во реакцијата на одделението за односи со јавност при локалната самоуправа.
ohridnews