Општина Охрид за учебната 2020/2021 година ќе додели ученички стипендии за талентирани ученици, за ученици кои живеат во потешки социјални услови, за талентирани ученици од I, II, III и IV година во општинските средни училишта, на подрачјето на општина Охрид и стипендии за ученици кои живеат во потешки материјални услови, од I, II,III и IV година во општинските средни училишта на подрачјето на општина Охрид.

Ќе се доделуваат и посебни стипендии за ученици кои постигнале врвни резултати во областа на: спортот, шахот, литературната, музичката, ликовната уметност и др. вештини.

Право на стипендија за талентирани ученици и стипендија за посебни остварувања имаат кандидатите кои учат во општинските основни и средни училишта на подрачјето на општина Охрид и ученици жители на општина Охрид кои учат во друга општина во јавно средно училиште, а кое не е застапено во општина Охрид и ги исполнуваат потребните услови.

Општина Охрид ќе додели и стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I, II,III,IV,V и VI година од општина Охрид кои студираат на државни универзитети во други земји, за академската 2020/2021 година и стипендии за редовни студенти на додипломски студии од I,II,III,IV,V и VI година од општина Охрид, кои студираат на државните универзитети во земјата, за академската 2020/2021 година и живеат во потешки социјални услови.

Повеќе за конкурсите и условите во нив на следниот линк.

OhridNews