„Авалон“ продукција судски бара Општина Охрид да и ги исплати парите за настапот на Каролина Гочева и групата „Ареа“ на минатогодишниот дочек на Нова година на градскиот плоштад , дознава Ohridnews.

Информацијата ни ја потврдија двајцата директори на „Авалон“ браќата Бобан и Даниел Милошески. „Да,тоа е вистина, до денешен ден не е исплатен долгот од страна на градоначалникот!?Дури, донесена е пресуда од страна на општински суд Охрид во наша корист, а истата е тотално нерезонски обжалена од нивна страна иако имаме валиден писмен договор! Класично купување на време и брука невидена! Во 15 години работа на Авалон по некоректно никој со нас не се однесувал, а ние во Охрид ги носевме Леб и Сол а за Brian Ferry и да не зборуваме! Тоа е, ги жалам тие што ќе настапуваат оваа година, ако воопшто такви и има!“, изјави за Ohridnews, Бобан Милошески.

Сашо Алчев задолжен за организација на дочекот на Нова година од локалната самоуправа, на прашање на Ohridnews, дали општината ги има подмирено обврските кон пејачите кои настапија минатата година, не упати одговорот да го побараме од службите во општината.


„Авалон“ си ги бара парите за настапот на Каролина и Ареа во Охрид

Локалната самоуправа која се соочува со недостаток на средства за организација на новогодишната прослава на градскиот плоштад деновиве побара и доби помош од угостителите и помоќните компании, но сеуште останува отворена дилемата  кој ќе пее во Охрид за Нова година. Организаторите велат дека во завршна фаза се преговори со неколку познати пејачки имиња, но изборот сериозно е стеснет откако АВАЛОН продукција која е ексклузивен застапник на повеќе музички ѕвезди од земјава, покрена судска постапка против општината поради неподмирени обврски околу минатогодишниот дочек на Новата година, кога во Охрид настапија Каролина и групата Ареа. Судот како што велат од Авалон веќе донел правосилна одлука во нивна корист, која општината ја обжалила до Апелација.

Милошоски не иформираа дека Авалон се решил по судски пат да си побара договорените пари, откако пропаднале 7 месечните обиди  да се најде заедничко решение со општината Охрид.

Горан Момироски