Комисијата за категоризација при Секторот за туризам и локлен економски развој продолжува со евиденција на угостителските објекти од мал обем, кои согласно Законот за угостителска дејност се обврзани да се регистрираат.
 
Од Лер објаснуваат дека сите станоиздавачи должни се да поднесат барање за утврдување на минимално-технички услови и категоризација за вршење на угостителска дејност од мал обем. Тие тоа можат да го направат во Секторот за туризам и ЛЕР кој се наоѓа во просториите над УНИ БАНКА. Против физичките лица кои издаваат легла во сместувачките капацитети од мал  обем, а немаат извршено категоризација согласно законот ќе се превземаат казнени мерки, предупредуваат од ЛЕР.

Станоиздавачите кои им издаваат соби на туристи, а немаат склучено договор со некоја туристичка агенција ризикуваат парично да бидат казнети со глоба во висина од 400 евра. Толкава е казната и за  издавање на објекти што не ги исполнуваат минималните технички услови и не се категоризирани.

контакт информации за категоризација

Ohridnews