Општина Охрид наредната година ќе организира акција за пошумување на зелениот појас на магистралниот пат Охрид – Св. Наум, најави градоначалникот, Александар Петрески.  Тој вчера се придружи на граѓанската акција за пошумување што во охридско се спроведе во месноста „Мауцкер“

-Треба и натаму да се продолжи со садење дрвја. Ние како локална самоуправа ќе организираме акција за пошумување наредната пролет, а особено внимание ќе се обрати на пошумување на зелениот појас на патниот правец кон Св. Наум, рече Петрески.

Вчера охриѓани масовно се одзваа  на продолжението од граѓанската иницијатива за пошумување. Во  акцијата „Засади ја својата иднина – Ден на дрвото“, што се реализираше на  два пункта во „Мауцкер“ на околу 13 хектари беа  засадени 25.000 дрвца чемпрес, јасен, орев и дуглазија.

Охриѓани засадија 25.000 дрвцa за подобра иднина

Ohridnews