Општината Охрид во 2015 година ќе субвеционира вкупно десет екипи кои партиципираат во градот.


Се работи за тимови од екипините спортови фудбал, ракомет и кошарка, а помош од Општината ќе добие и кик боксерскиот клуб „Голден Тим“.

Во категоријата фудбал субвеционирани ќе бидат екипите на Охрид Топ Тим, Академија Пандев 10, Фер Плеј, Еврофудбал и женскиот фудбалски клуб Билјанини Извори.

Ракометарите од Охрид и женскиот ракометен клуб Моби Дик исто така ќе добијат помош до Општината, а меѓу нив е и кошаркарскиот клуб Колибри.

Покрај овие екипи „ветар во грб“ ќе добие и Општинскиот фудбалски сојуз од Охрид.

Екипите ќе можат да ги користат терените со кои стопанисува Јавното претпријатие на „Билјанини Извори“, кое е под катапа на охридската Општина.

 

Ohridnews