По повод најновиот успех на учениците од Гимназијата „Св. Климент Охридски’ остварен на деновиве одржаната саемска манифестација МАКИНОВА 2007. , градоначалникот Александар Петрески денеска приреди прием за учениците од Гимназијата кои во оваа учебна година освоија вредни награди на разни домашни и меѓународни натпревари. На приемот присуствуваше и раководителот на Хорот при Гимназијата, проф. Александар Димоски по повод неодамна освоената награда на хорскиот Фестивал во Холандија.

Градоначалникот Петрески упати честитки и благодарност до наградените ученици и професорите што со нивниот успех истовремено се афирмира и Охрид како град со висок потенцијал на млади надежни стручњаци пред кои веке сега се отвараат вратите на успешна професионална иднина во повеќе области.

Приемот кај Градоначалникот им беше посветен на гимназијалците- освојувачи на највисоките награди на годинешната МАКИНОВА : Кирил КОРОВЕШОСКИ, Кире ЈОРДАНОСКИ и Христијан РИСТЕСКИ; добитниците на наградното патување во Стразбур од меѓународниот натпревар по фотографија : Роберт ЏОНЕСКИ и Андреа ПАЛАЦО; учениците од виртуелната училишна работилница – добитници на првата награда на меѓународниот  натпревар во Будва : Томче ЧАЛОСКИ, Кристина СПИРОСКА и Марија БЛАЖЕСКА.

Покрај личните импресии од настапите на натпреварите и остварените успеси на учениците, за нивните остварувања и мотивирањето во наставата зборуваа нивните професори-ментори: Марија ПОПОСКА, Катерина СЛАТИНОСКА и Даница БАЛОСКА како и директорот на Гимназијата, проф. Љубиша МАШАНОВИЌ.


Едночасовната средба во пријатна атмосфера заврши со заедничката фотографија.

ohridnews