Општина Охрид и Министерството за животна средина и просторно планирање деновиве ги потпишаа договорите за одобрените проекти. Министерството ќе ги финансира планот за отпад на општината со 450.000 денари, ЛЕАП-от со 650.000 денари, како и проектот за санаирање на состојбите на реката Грашница, за што се одвоени 1 милион денари.


1 милион денари за уредување на водотекот на реката Грашница

– Драго ми е што се ефектуираат проектите кои ги одобривме во Министерството и кои треба да бидат имплементирани од локалната самоуправа, а се однесуваат на План за управување со отпадот во општината, изработка на еколошки Акционен план и активности на терен за уредување на водотекот Грашница. Тоа ќе биде добар бенефит за сите граѓани – изјави за Ohridnews, Дејан Паноски, државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање.

Покрај овие три проекти Министерството за животна средина ќе го финансира и проектот за “Отстранување на цврстиот отпад од деградираните делови на  Студенчишкото блато, утврдување на неговите граници и подигнување на јавната свест за значењето на оваа природна реткост“, што заеднички ќе го реализраат Ohridnews и Македонското лимнолошко друштво.

ohridnews