Општина Охрид и официјално најави изградба на нова плажа во населбата Лагадин. Во отчетот на градоначалникот Никола Бакрачески по повод две години од неговиот мандат, во делот на капитални проекти, презентиран е изгледот на новата плажа во Лагадин. Како што е објаснето, таа ќе се протега во должина од 500 метри и според најавите, ќе биде најатрактивната плажа во  земјата.

Во отчетот на градоначалникот Бакрачески се наведува дека изградбата на новата плажа во Лагадин ќе започне оваа година. Други детали околу овој амбициозен проект, не се наведени.

OhridNews