Општина Охрид го отстапува културниот дом во Велестово на Црвен крст – Охрид. Ова го обелодени градоначалникот Александар Петрески на трибината: “Потенцијалот во Р.Македонија за развој на планински туризам”, што во организација на Црвен крст – Охрид и Регионалната канцеларија за водичи во планина, се одржа вчера во Велестово.


Во своето обраќање на трибината Петрески се осврна на потенцијалите со кои располага охридскиот регион за развој на планинскиот туризам, при што ја истакна одличната соработка со Црвен крст Охрид, во чии рамки делуваат лиценцирани водичи во планина кои се еден од најважните сегменти за ефикасен и безбеден планински туризам.

– Токму и објектот каде се одржува семинарот и трибината за развој на планинскиот туризам, најповеќе содејствува со активностите на Црвен крст Охрид, како во делот на безбедноста на планина, така и во превентинвото делување и едукацијата на младите и затоа општина Охрид ќе го даде на стопанисување Домот на култура во с.Велстово на Црвен крст Охрид, истакна Петрески.


Градоначалникот на Охрид од Македонската асоцијација на планински водичи доби признание за особен придонес во унапредување на планинскиот туризам и поддршка на професионалните водичи, а вакво признание му беше врачено и на  Yves Fouqe – експерт од Франција.

Ohridnews