Општина Охрид преку својот портпарол, Никола Манески, реагира на како што се наведува во соопштението до јавност, политизацијата на празникот Водици. Во соопштението се вели:

„На локалната опозиција, првенствено на општинската ВМРО – ДПМНЕ, изгледа ништо не и’ е свето кога е во прашање партиското саморекламирање. Дури и на најсветите празници си дозволуваат или да се караат со опонентите, или да го блатат Градоначалникот и Локалната самоуправа.

Вчера, додека дваесеттина илјади граѓани – верници , гости и туристи се „распослаа“ вдолж  кејот и Пристаништето, не пропуштија да ја искажат својата партиска загриженост од високиот рејтинг на градоначалникот Петрески.  Ја искажаа со растурање партиски летоци! Божем Унијата на млади сили на ВМРО им го честита празникот на граѓаните!                                                 

Колку ли го почитуваат, ако ништо друго, Законот за јавна чистота кој неодамна го изгласа Парламентот, а нивната Партија го прогласи како своја европска визија! А, знаат да подценуваат и да велат дека е пропаганда, реализирана инвестиција од 4 милиони денари во Гимназијата…

Па и вчера, на Богојавление не им беше доста од партиска „активност“, туку , еве и денеска на денот на Свети Јован Крстител, кој исто така се одбележува масовно во Охрид, тие закажуваат партиски прес-средби за карање. Има  ли за нив  нешто свето? Едноставно нека го остават на мир народот да празнува. Или, толку им создава кошмар сонот  како да ја зграбат власта во Охрид?“, се  вели во соопштението за јавност на Oпштина Охрид.

ohridnews



Видео: Митко Топејнчаров по четврти пат го фати чесниот крст