На наредната седница на Советот на општината која ќе се одржи до крајот на идната недела, градоначалникот Александар Петрески ќе побара намалување на стапката на данокот на имот што ја плаќаат граѓаните за 50 насто.
  
-Целта на предлогот е да им  се помогне на грaѓаните во општата финансиска криза во светот која  неповолно се одразува во секојдневниот живот на нашите  граѓани. Со ваквиот предлог олеснувањето ќе го почувствуваат скоро сите сограѓани имајќи предвид дека нема граѓанин кој не е даночен обврзник по основ на данок на имот, смета градоначалникот Петрески.
 
Данокот на имот кој според законот спаѓа во „изворните“ приходи на општината, се плаќа  во сооднос од 0,10 до 0,20 насто од вредноста на имотот, зависно од општина до општина.  Охрид досега се имаше определено за „средината“ односно за 0,15 насто. Сега стапката на оданочување е намалена за 50 насто и сведена на најнискиот износ што е пропишан со Законот, а тоа е 0,10 насто од вредноста

–    Точно е дека со овој предлог се намалуваат приходите во  Буџетот на општината, но не можеме да дозволиме да имаме „богата“ општина а сиромашни граѓани и мора да се прилагодуваме на кризата – истакнува градоначалникот Петрески.

Ohridnews