На 31 март измина крајниот рок што општина Охрид им го даде на Одделението за премер и катастар од Охрид, на Управата за јавни приходи како и на подрачните единици на минситерствата да се иселат од просториите каде сега се сместени, а кои се наоѓаат во зградата на општина Охрид.
Претставникот на локалната самоуправа, Тони Чингоски вели дека поради Велигденските празници рокот е пробиен, но дека во текот на оваа недела ќе се знае конечното решение и начинот на кој ќе биде решена ситуацијата.
Една од можните солуциии за решавање на проблемот е сите кои користат простории, а кои се во сопственост на општината да продолжат да ги користат истите, но на локалната самоупрва да и плаќаат соодветен надомест т.е. кирија, вели Чингоски. За ова деновиве било разговарано со претставници на републичката управа за премер и катастар, од каде изразиле спремност да си плаќаат закупнина за просторот што го користат.
Од УЈП не сакаа да го коментираат барањето на општината, но рекоа дека тие имаат договор за долгорочен закуп на просториите што ги користат. Општината не може да не ислели од овие простории бидејќи тие се во наша сопственост, велат од УЈП.
ВО ОПШТИНСКАТА ЗГРАДА СТАНУВА ПРЕТЕСНО
Покрај ова од локалната самоуправа информираат дека сеуште не е решен проблемот и со просторот каде сега е сместена администрацијата на Здратсвениот дом.
Долколу не се изнајде заеднички јазик за просторот каде е сместен секторот за Локален економски развој – ЛЕР и туристичкото биро “Лихнидос“ , кој е во сопственост на јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор, тогаш, Здраствен ќе мора да се исели од општинските простории во зградата на Црвениот крст , велат од локалната самоуправа.
Здраствен дом нема платено ниту денар од долгот кој го има кон општината за користењето на просторот, а јавното претпријатие за стопанисување со стамбен и деловен простор не го почитува договорот за компензација, велат од локалната самоуправа. Според тој договор целокупната инвестиција на локалната самоуправа во зградата каде е сместен ЛЕР требало да се комензира со киријата што општината треба да ја плати на јавното претпријатие. Поради недоразбирањата јавното претпријатие еднаш веќе се обиде да го исели ЛЕР од просториите кај старата автобуска. Од тоа како ќе се реши овој проблем во голема мерка ќе зависи и решавањето на проблемот со Здравствен дом.
Мики Трајковски