Општина Охрид ги осудува сите форми на притисоци и закани врз медиумите, се истакнува во соопштението што локалната самоуправа го исдпрати до медиумите по повод 3ти Мај-Светскиот ден на медиумите

-На медиумите им ја изразувам поддршката за нивната улога во развојот на општествената заедница и посебно демократските односи бидејки токму слободата на медиумите и информирањето се базична основа за развој на демократијата. Во тоа име, недвосмислено ги осудуваме притисоците и заканите врз медиумите и новинарите од било кој вид и под било кое „оправдување“.

За општина Охрид како една од најекспонираните по своите вредности на медимските простори, битно е и значајно тоа што во своето настојување за навремено и целосно информирање, особено ја цени улогата на медиумите како нужен и неодминлив фактор за соработката со граѓаните и отвореноста со цел да се остваруваат нивните интереси и решаваат нивните проблеми, се вели во соопштението на портпаролот Никола Маневски кој ги пренесува ставовите на локалната самоуправа.