Нафта и потребен огревен материјал е обезбеден за сите училишта во општина Охрид и тие подготвени ќе ги дочекаат ниските зимски температури, информираат од локалната самоуправа.

Тоа не значи дека во однос на затоплувањето на школите проблеми нема да се појават во текот на идната година, со оглед на фактот што министерството за образование во голема мера ги намали наменските дотации и со овие средства едвај се покриваат потребите во образованието, велат од локалната.
 
За 2010 наменските дотации за општина Охрид се помали за 8 милиони денари, а цената на струјата и нафтата е во постојан пораст. Ако не се зголемат средствата кои се доделуваат од страна на надлежното министерство во скоро време може да се случи општината да нема доволно средства за набавка на нафта или за плаќање на трошоците за превоз, потенцира Митре Велјаноски, советник за образование.

Како локална самоуправа правиме напори состојбата да се подобри преку ЗЕЛС кој одржува состаноци со министерството за образование. Дали министерството позитивно ќе одговори на барањата на општините останува да видиме, велат од Локалната самоуправа.

Т. К.