Општина Охрид упатува апел до сите охриѓани кои узурпирале јавни површини сопственост на Републиката со поставување тврди сообраќајни препреки како што се рампи, синџири, „триаголници“ за забрането паркирање или други ознаки во најскоро време да ги отстранат истите.
Во спротивно нелегално поставените препреки од понеделник (05.07 2021 г.) ќе бидат отстранети од надлежните служби на Општина Охрид. – соопшти локалната самоуправа.
Нелегалното поставување на сообраќајни препреки на јавни површини може да се пријавува на адреса: inspektorat@ohrid.gov.mk, се наведува во соопштението за јавност.
OhridNews