Обилните врнежи од дожд ја отежнаа изградбата на ново крило на општината. Темелите на новата зграда пливаат во вода, па градежниците ќе мора да почекаат дождот малку да стивне, за да продолжат со работа.


Со слични проблеми се соочуваат и работниците кои работат на поплочување на коритото на реката Грашница на потегот од „Туристичка“ до „Aриф Мустафа“, на кои исто така во прилог не им одат временските (не) прилики.

OhridNews