Градоначалникот на Охрид Александар Петрески бара да биде извршена нова анализа на квалитетот на водата од Билјанини извори, каде неодамна беше поставена табла дека водата од тој извор не е добра за пиење.
Како што веќе објавиви ohridnews, испитувањата на Републичкиот завод за здравствена заштита (РЗЗЗ) покажуваат дека водата од Билјанини извори во Охрид не е за пиење. Најголемиот број од микробиолошките анализи извршени од јануари наваму покажале присуство на патогени бактерии во водата од Билјанини извори и според РЗЗЗ таа не треба да се пие.
водата не е за пиење тврдио РЗЗЗ
Наспроти ова Хидробиолошкиот завод во Охрид тврди дека нивните анализи покажуваат дека водата од Билјанини извори е квалитетна и добра за пиење.
На исто мислење е и градонаќалникот Александар Петрески. „И јас верувам дека водата од Билјанини извори е добра поради што побарав да се направи уште една анализа за да се симнат дилемите“, рече Петрески.
И покрај предупредувањата и поставената табла дел од граѓаните продолжуваат да пијат вода од Билјанини извори.
Некои граѓани не го почитуваат предупредувањето
Екипата на ohridnews, неодамна затекна гости од источна Македонија кои рекоа дека не веруваат дека водата од Билјанини извори не е добра за пиење бидејќи ја пиеле неколку дена и како што рекоа не им било ништо.
Г. Момироски