Како што истакна советникот Томислав Тунтев, ваквото барање следи поради немањето слух на релевантните органи за средување на проблемот. Имено, од страна на советниците уште во месец јули беше побарано итно изнаоѓање на привремено решение, со цел да се намалат загубите на бродарите.
– Сезоната измина , а решение не се изнајде. Добивме единствено известување од Министерството за транспорт и врски со кое не упатуваат на некакви европски директиви кои моментално не се на важност, потенцира Тунтев. Со пренесување на ингеренциите на локално ниво, ќе имаме можност како Локална самоуправа, конечно да воспоставиме ред во одвивањето на водниот сообраќај, додаде Тунтев.
За заклучокот не гласаа советниците од ВМРО- ДПМНЕ. Тие ваквиот заклучок го нарекоја апсурдна желба на градоначалникот и советниците од СДСМ.
– Со оглед на сообраќајниот хаос кој владее во Охрид, сметаме дека Локалната самоуправа нема капацитет за спроведување на вакви ингеренции и во водниот сообраќај, изјави Јованка Дамовска од советничката група на ВМРО- ДПМНЕ.