Ниту еден претставник на охридската локална самоуправа не засади дрвце во рамки на  акцијата за пошумување, што се одржа во Охрид, затоа што општината донела одлука Денот на дрвото од неработен, да биде прогласен за работен ден. Дрвце не засади ниту градоначалникот, Александар Петрески.

Потпаролот на Општина Охрид, Никола Маневски ни изјави дека тоа што Општинските службеници биле на своите работни места за Денот на дрвото, не значи дека Охридската локална самоупрва не ја подржува акцијата за пошумување.

-Општина Охрид ја подржува во целост акцијата Денот на дрвото и за таа цел општинскиот координатор  организираше учениците од охридските основни и средните училишта да засадуваат дрвца на двете локации кои беа предвидени во охридско. –вели Маневвски.

Причината за прогласување на Денот на дрвото за работен ден, за општинската администрацијата, е тоа што Општина Охрид има незавршени активности во рамки на нејзините  приоритети, кои се предвидени во Календарот за работа.

– Во прв ред тука спаѓаат координација на службите и советничките групи во пресрет на Седицата на Советот, активностите на колекторскиот ситем кај Пештани , како и активностите за престојната туристичка сезона. –вели  Маневски.

Тој објасни дека Денот на дрвото не е државен празник туку од страна на Министертвото за труд и социјална политика е прогласен за неработен ден.

-И други јавни институции заради потребите на својата работа прогласуваат одредени денови од неработни во  работни. Работењето за викендите на Управата за јавни приходи,  заради поднесување на даночни пријави  и на Министертвото за Внатрешни работи заради издавање на лични документи, се пример дека одредени институции за своите интерни потреби може да прогласат неработни денови  во  работни.-нагласи Маневски.

Е.Е.