СДСМ заборава да каже дека  во периодот на  2013 година пред доаѓањето на актуелната локална власт,   со сомнителни договори за вработување  преку ноќ  во општина Охрид  работно беа ангажирани  325  партиски лица,   од кои голем дел без почитување на законските процедури, се наведува во реакцијата од локалната самоуправа по дописот од општинската СДСМ во кој актуелната власт се обвинува за партиски вработувања.

– СДСМ е партија која го зголеми бројот на вработени во општинската администрација од 52 на  275  лица,  само во Локалната самоуправа и уште неколку 100-ина во јавните претпријатија.   Притоа,  најголем дел   од нив без соодветна стручна подготовка  и образование. За разлика од СДСМ- Охрид,  која распишуваше огласи за  конкретни  лица најчесто од матичната партија , сегашната локална власт објавува огласи за вработувања на лица кои се стручни, компетентни и можат да допринесат во креирањето на подобра иднина за Охрид и кои имаат капацитет да го извлечат градот од бездната во која СДСМ- Охрид во нивното  8 годишно владеење длабоко го закопа на дното. За  манипулациите   што ги правеа со охриѓани  и за тоа што социјалдемократите безмилосно   оставија на улица  лица  кои   работно ги ангажираа во градинките и училиштата,  а кои  денес ги исплатува  актуелното локално раководството. СДСМ- Охрид е доволно казнета од охриѓани, стои во реакцијата.

OhridNews