Вeрбалната војна преку медиумите помеѓу локалната самоуправа и ВМРО ДПМНЕ, продолжува со несмален интензитет. Овој пат со реакција се огласи општината која реагира на изнесените ставови на последната прес конференција на ОК ВМРО ДПМНЕ, на која партијата и забележа на локалната за оспорувањето на легитимимноста на просветната инспекција. Во соопштението се вели:

„Неодамнешното реагирање на Локалната самоуправа и Градоначалникот по повод упадот на просветната инспекција во охридските училишта, беше мотивирано исклучиво од потребата за почитување на Законот. Јавноста знае дека на тогаш свиканата прес –средба, беше укажано на директното кршење на членовите од 19 до 25 на Законот за просветна инспекција од страна на Инспекторатот.

Токму во тие законски одредби стои дека  е должност на просветниот инспектор претходно да ја  најави   потребата и целта на инспекцијата на директорот на училиштето… Заради ова е неиздржано  „чудењето“ и подсмевањето на прес средбата.

Значи, потребно е , господата од Центарот за комуникации на ОК ВМРО-ДПМНЕ да прават разлика меѓу ПАЗАРНА и ПРОСВЕТНА инспекција, а не да се „чудат“ од барањето на Локалната и Градоначалникот за почитување на законите“, се вели во соопштението на Општина Охрид.

Ohridnews