Подружницата на Асоцијацијата на Агенции за Локална Демократија (АЛДА) од Скопје и општина Вевчани денес потпишаа меморандум за соработка за спроведување на проектот „Балканска регионална платформа за младинско учество и дијалог“ во која општина Вевчани е партнер од Македонија и член на управниот одбор на „Платформата за младинско учество и дијалог“.
Општина Вевчани во координација со АЛДА Скопје ќе учествува во спроведување на повеќе локални активности меѓу кои: Избор на две младински работници, кои ќе бидат дел од Регионалната мрежа на младински работници и ќе учествуваат на регионалните средби; Избор на десет млади членови на локалната советодавна група кои ќе работат заедно со двајцата младински работници во спроведување на локалните активности; Спроведување на повик за изработка и избор на визуелни аудио/видео записи на тема локално младинско учество; Интернет кампања за подигање на свест за младинско учество и дијалог; Поддршка на спроведувањето на истражување за потребите на младите на локално ниво и други локални активности.
Времетраење на проектот е од 1 јануари до 31 декември 2015 година со план за понатамошно дејствување и развивање на платформата во наредниот тригодишен период.
Балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог е координиарана од Асоцијацијата на агенции за локална демократија АЛДА со седиште во Стразбург во партнерство со седум Агенции за локална демократија, АЛДА Скопје и осум општини од земјите од Западен Балкан.
Креирањето на балканската регионална платформа за младинско учество и дијалог е едногодишен проект поддржан од страна на Европската комисија во рамките на ИПА Оперативниот грант за развој на граѓански организации, Приоритет 5 – промоција на социјално и економско вклучување на маргинализирани груги, особено младите.
OhridNews