Општина Вевчани повторно е дел од Федерацијата на европски карневалски градови. Вевчанскиот карневал, кој е првиот карневал од Македонија што стана член на оваа престижна федерација во 1993 година, повторно, после 20 години е на вистинското место, инфoрмира градоначалникот на Општина Вевчани, Спасе Кочовски.

Со посветеност и напор, сите обврски за членарина од изминатите 20 години се успешно подмирени, и во согласност со Одборот на ФЕЦЦ, од оваа година, Вевчани повторно е полноправна членка на Федерацијата на европски карневалски градови. Ние како општина сме горди што сме дел од оваа значајна мрежа и со нетрпение очекуваме нови можности за соработка, размена на искуства и зајакнување на традицијата на нашиот уникатен Вевчански карневал, вели Кочовски.

Инаку, Вевчанскиот карневал традиционално се одржува на 13 и 14 јануари со дефиле под маски, кои на сатиричен начин ќе ги прикажат случувањата во јавниот и политичкиот живот, како во земјава, така и во странство во изминатата година.

Н.С.Ј.