Реконструкција на главниот канал за наводнување и локална улица, замена на внатрешната столарија во детската градинка се дел од проектите предвидени за реализација идната година во Општина Вевчани.

Градоначалникот Спасе Кочовски информира дека се обезбедени финансиски средства и оти по завршување на потребните административни процедури во првата половина од идната година ќе почне реализацијата.

Непосредниот контакт со донаторите, квалитетот и квантитетот на подготвени и аплицирани проекти секогаш даваат резултати, вели Кочовски.

За новата буџетска година, според него, обезбедени се средства за набавка на ново специјално возило за собирање комунален отпад од домаќинствата за потребите на јавното претпријатие „Еремја“ и за набавка на столарија и нов систем за затоплување со енерегетски ефикасни топлотни пумпи во детската градинка „Планински цвет“.

Обезбедени финансии, како што додаде, има и за реконструкција на локалната улица на потегот од раскрсница Попој до Смолејца.

OhridNews