Општина Центар и КК Работнички потпишаа Договор со кој нашиот најтрофеен кошаркарски клуб ќе добие донација во висина од 1,5 милиони денари од Општината на чија територија се наоѓа, а кои ќе му бидат исплаќани месечно, односно по 125.000 денари секој месец.
„Сите 23 советници едногласно донесоа одлука дека Општината треба финансиски да го помогне нашиот најголем и најтрофеен кошаркарски клуб, посебно во оваа фаза кога тимот нема доволно средства, со што ќе се помогне тој да се стабилизира и да се врати на старите патеки“- истакна градоначалникот на Општина Центар, Владимир Тодоровиќ при потпишување на договорот.
Тој истовремено упати повик и до градоначалниците од другите општини да ги помагаат тимовите од своите територии, вклучувајќи го и Градот Скопје, за да не се дозволи во овие кризни времиња тие да згаснат.
Заблагодарувајќи се на донацијата, претседателот на „Работнички“, Златко Тодоров рече дека помошта доаѓа во вистинско време бидејќи клубот почна да се враќа на старите патеки.
„Овие средства се добредојдени да се подобри финансиската кондиција на клубот, а како гест значат дека се цени спортот, но истовремено е и поттик да се постигнуваат уште подобри резултати“, рече Тодоров. Тој истовремено го потенцираше и фактот дека „Работнички“ е тим кој не само што има прв тим, туку и кошаркарска школа од која веројатно во иднина, како и порано, ќе се појават нови кошарски асови.
На кошаркарските дресови на „Работнички“, покрај симболите на актуелните спонзори, ќе биде и грбот на Општина Центар со птицата феникс, така што кошаркарите истовремено ќе го промовираат и симболот на општината кој е малку познат во јавноста.
И годинава на Велигден во Велгошти се одигра традиционалниот фудбалски натпревар помеѓу “Стари” и “Млади” Поуспешни во празничната спортска пресметка беа „старите“ кои славеа со 5:3 Натпреварот што...
Охридскиот супер херој Марко Пејчиновска на 28 август ќе се соочи со нов предизвик – нестандарден IRONMAN околу Охридското Езеро во должина од 106,8 километри, видоизменет поради повредата ко...
Охрид ќе биде домаќин на групата Г од Купот на Македонија Натпреварите ќе се играат на 27042025 (недела), а распоредот е следен: 1100ч РК Прилеп – ГРК Охрид 1300ч ГРК Тиквеш 2014 – РК А...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.