Општина Струга забранува шетање во костими за капење низ централното градско подрачје.

Заради почитување на јавниот ред, особено за време на летната туристичка сезона, низ централното шеталиште (од Чаршискиот мост до Зелениот пазар), се забранува шетање во бикини и гаќички за плажа во текот на целиот ден, информираат од Општина Струга.

Ги замолуваме сите гости и туристи кои се разладуваат на езерото или на Црн Дрим, да ги почитуваат правилата на доброто однесување и на јавниот ред, со непокажување голотија на јавни места и простори, велат во соопштението.

За таа цел во централното градско подрачје, односно зоната во која е забрането движење во костими за капење поставени се соодветни знаци.

Вашето однесување е слика за градот, затоа сите заедно треба да се обидеме да ја зачуваме позитивната слика на една туристичка дестинација како што е Струга, порачуваат од Општината.

OhridNews