Општина Струга учествува на Меѓународниот саем за туризам- УТК Приштина 2025, организиран од Косовскиот туристички сојуз.

На штандот на нашата општина се презентира туристичката понуда на Струга, како и понудата на повеќе општини од Југозападниот регион меѓи нив Кичево, Дебар, Вевчани и Гостивар. На овој саем учествуваат и дел од струшките хотелиери за Б2Б средби, за да ја претстават својата понуда за сместување на туристите од Косово, информираат од Општина Струга.

Воедно, упатуваат благодарност до претседателот на Советот на општина Струга, Арбреша Влаши, за присуството, како и на Амбасадата на Северна Македонија во Приштина, преку вршителот на должноста амбасадор Лирим Даци.

На саемот, според организаторите присуствуваат над 350 компании од туристичката индустрија од целиот свет кои ја презентираат понудата во поглед на патувањето и туризмот. Воедно, предвидени се и Б2Б средби дизајнирани да поттикнат партнерства и меѓусебно поврзување.

Саемот е организиран под покровителство на општина Приштина.

OhridNews